22.04.2024 Скопје
Со засилено полициско обезбедување од печатницата Киро Дандаро во Битола почна транспортот на доверливиот изборен материјал до општинксите изборни комисии за првиот круг на Претседателските избри што ќе се одржи во среда на 24 април. Процесот на печатење во изминатите денови како и дистрибуцијата на изборниот материјал го следеа претставниците на Државната изборна комисија.
Од печатницата Киро Дандаро велат дека гласачките ливчиња се печатени на машина со висок квалитет, но и со висок степен на заштита.
Гласачкиот материјал ќе биде предаден на сите 80 општински изборни комисии во државата.
Напечатени се вкупно 1 814 317 гласачки ливчиња, колку што е вкупниот број избирачи во избирачкиот список за Претседателските избори. Печатењето на избирачкиот материјал за парламентарните избори, и евентуален втор круг на претседателските избори ќе започне кон крајот на следната недела.
Подготвено од М.Д.