04.04.2024 Скопје
Во просториите на Здружението на пензионери во Велес ќе се реализараа бесплатни лекарски прегледи за лица од трето доба. Прегледите опфатија мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
Можноста да се прегледаат и да добијат совет од лекар ја искористија 40-тина пензионери, информираат од Општинската организација на Црвен крст Велес.
Тие појаснуваат дека во реализацијата на активноста вклучени биле тројца нивни волонтери.
Воедно најавија дека со бесплатни медицински прегледи ќе продолжат и во наредниот период.
Подготвено од М.Д.