09.04.2024 Скопје
Оливер Вархеји, европскиот комесар за соседство и проширување, рече дека се надева оти меѓувладината конференција во јуни ќе ја доведе Црна Гора во последната фаза од пристапните преговори со Европската унија.
Тој посочи дека Црна Гора е на вратата од завршниот дел од преговорите.
„Сè уште има одредници што Црна Гора треба да ги исполни. Имаме нова влада во Црна Гора и нова политичка структура која почна да ги испорачува“, рече Вархеји на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија.
Тој посочи дека „не е важно колку е мала одлуката“, туку дека се мора да се направи сега.
Вархеји посочи дека од витален интерес на ЕУ е нејзиното проширување да се случи што поскоро и дека наредното свикување на Европската комисија треба да ги пречека новите членки на крајот од нивниот мандат.
„Проширувањето мора да се случи, тоа е јасно“, рече Вархеји на форумот.
Тој рече и дека во моментов има девет земји кандидати, од кои четири веќе преговараат, а три имаат зелено светло за тоа.
Подготвено од А.Ѓ.