17.04.2024 Скопје
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји бара од идната Европска комисија многу посериозно да го сфати проширувањето отколку што беше до сега. На два месеца до одржувањето на европските избори Вархеји рече дека геополитичкиот пејсаж во Европа и околу Европа се променија, но позитивна опција е што проширувањето стана еден од главните приоритети не само во Унијата туку и околу неа.
Зборувајќи на Конференција во Брисел, Вархеји зборуваше дека на земјите од Западен Балкан веќе 21-на година им е ветено пристапување во Унијата и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот, и со источните партнери, е еден од трите приоритети од следниот мандат на европските институции.
Вархеји, рече и дека Унијата јасно им порача на земјите од Западен Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.
Вархеји потсети и дека кога станува збор за проширувањето Брисел сака да се зборува за институционални прашањеа: поглавја, одредници, нивно отворање и затворање, „што наликува како да возите по автопат и да саката да ги прочитате сите ознаки“.
Тој ги спомна и Економскиот инвестициски план како и Планот за раст кој е условен од спроведување на реформите неопходни за членство во Унијата.
Подготвено од М.Д.