01.04.2024 Скопје
„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информира дека органите на Движењето ЗНАМ, Извршниот одбор, а потоа и Централниот одбор со акламација ги утврдија кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици“, рече портпаролот Никола Мемов на денешната прес конференција.
„За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и не понудија ништо ново во кадровска смисла, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на листите за пратеници номинираше луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, авторитетни и препознатливи во своите средини, чесни луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ“, додаде Мемов.
Тој нагласи дека во ЗНАМ веруваат дека граѓаните на Република Северна Македонија ќе ја препознаат разликата во квалитетот на кандидатите за пратеници и довербата ќе ја дадат за Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Подготвено од М.Д.