italijanci sport

12.04.2024 Скопје

Следната сезона, доколку не дојде до неочекуван расплет во европските купови, Серија А ќе даде пет директни претставници во Лигата на шампионите, останува да се види како ќе заврши битката меѓу бундеслигашите и премиерлигашите.

Како што се ближи крајот на сезоната во европските купови, така се вжештува борбата за дополнителни две места во Лигата на шампионите следната сезона. Одамна е познато дека елитата ќе биде проширена за четири места, а две од тие четири места ќе им припаднат на земјите кои ќе имаат најдобар национален коефициент во тековната сезона.

Засега, по малку изненадувачки, италијанските клубови имаат најдобри резултати, па доколку нема големи изненадувања, следната сезона Серија А ќе го даде петтиот директен учесник во Лигата на шампионите.

Големата борба за второто дополнително место во Лигата на шампионите во сезоната 2024/24 ќе ја водат Германија и Англија, засега Шпанија и Франција имаат многу мали шанси да ги надминат. Германците имаат минимална предност, нивниот моментален коефициент е 16,785, додека Англичаните заостануваат само 0,035 поени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author