bomba nato

22.04.2024 Скопје

Од градилиштето во населбата Стеван Синѓелиќ во Ниш е отстранета воздушна бомба која останала од бомбардирањето на НАТО.

Бомбата потоа била пренесена на безбедна локација во Гаџино Хан, каде била успешно уништена, соопшти МУП. Евакуираните граѓани можат да се вратат во своите домови.

Во каменоломот во Гаџина Хан безбедно е уништена авионска бомба која останала од бомбардирањето на НАТО, која претходно била отстранета од градилиштето во Ниш, соопшти МУП.

Станува збор за воздушна бомба МК 84, тешка околу 1.000 килограми со експлозивно полнење од 430 килограми.

Бомбата претходно беше отстранета од градилиштето во населбата Стеван Синѓелиќ во Ниш, а евакуираните граѓани од оваа населба можат да се вратат во своите домови, изјави в.д. помошник-министер и раководител на Секторот за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи, Лука Чаушиќ.

Чаушиќ објасни дека воздушната бомба била преместена од територијата на градот Ниш во 9 часот и 25 минути, со три полициски возила, две возила на тимот за уништување на ЕОР, едно противпожарно возило и брза помош, придружувани од полиција, противпожарна и медицинска придружба, соопшти МУП.

Чаушиќ им се заблагодари и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои учествуваа во оваа ефикасна акција, како и на сите градски служби и на Градскиот штаб за вонредните ситуации на градот Ниш.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author