ULICNA UMETNOST VO SKOPJE

16.04.2024 Скопје

На ул. „Македонија“ во центарот на Скопје по повод Светскиот ден на уметноста, беа поставени неколку актови со улични живи статуи, во рамки на фестивалот на улична уметност, „Центарски улици“.

Во рамки на настанот е и музичкиот настап на Емил Ејупи квартет.

Уличната уметност претставува духовит начин за да се отслика она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза.

Подготвено од М.Д.

About Author