09.04.2024 Скопје
Давор Божиновиќ, хрватскиот министер за полиција и вицепремиер, го потврди апсењето на неколку лица на територијата на Загреб, поради малверзации во областа на даноците и царините при увоз на автомобили со вкупна вредност од 900.000 евра.
Како што рече, уапсени се десет лица.
Кривични истраги против хрватски државјани и правни лица спроведува полициската управа во Загреб во координација со Ускок и Независниот сектор за финансиски истраги на Министерството за финансии, соопшти претходно загрепската полиција.
Според соопштението, полицијата по спроведување на кривични истраги ќе ги предаде осомничените на надзорникот на притворот, а до Ускок ќе поднесе кривична пријава.
Според неофицијални информации, две групи лица се осомничени за економски криминал при увоз на автомобили, даночно затајување и неплаќање ДДВ.
Подготвено од А.Ѓ.