FURKAN SALIU

08.04.2024 Скопје

Тоа што СДС, ДУИ и останатите нивни полуги го прават со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу преставува една грда и црна кампања, но и хајка која што е дел од едно поголемо сценарио кое што треба да биде замена на немањето на програма на овие избори и да се прикрие нивната акутна неспособност која граѓаните ја знаат и ја чувствуваат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски додаде дека Фуркан Салиу не е приведен затоа што е Албанец или Македонец, затоа што е православен или муслиман, затоа што е новинар или работник, затоа што е од ДУИ, од СДС или пак нема политичка партија, приведен е затоа што попречил и нападнал службени лица од Министерството за внатрешни работи и незаконски чувал огнено оружје во својот автомобил со наполнета рамка куршуми.

Прашањето овој пат не е дали тој имал дозвола за огнено оружје, туку фактот што, според информациите од МВР,  незаконски го носел со наполнета рамка во своето возило, што е во целосна спротивност со законот.

Впрочем и самиот Фуркан Салиу вчера јавно призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување допринел за ескалација на настаните.

Јас Наум Стоилковски 30 години работев во новинарската фела, и јавно прашувам колку новинари, мои колеги имаат дозвола за оружје, и незаконски го носат на настани каде што има висока тензија и ризик.

Подготвено од М.Д.

About Author