22.04.2024 Скопје
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на ветото што САД го ставија на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
„Неправедно е што на Палестина не и се дозволува да стане членка на ОН. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае Палестина како држава“, рече Фидан.
Во петокот, САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН „Државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“, 12 членки гласаа „за“ (Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир), додека Велика Британија и Швајцарија беа воздржани.
За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласа „за“, со услов ниту една од петте постојани членки (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) да не гласа против.
Подготвено од А.Ѓ.