https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/28759882923/in/photolist-KPpVdp-KPc6eU-LAM6bs-KPqZ98-LLk8UD-LLk7QV-KPpYwD-KPcgfq-LjV7eh-LWvCB7-MQUZqq-MU1GEa-MHUHwj-MQUYBG-MQVrZC-MQVhKf-MQVjMb-LWvFhh-MQV1Ku-MLzRdv-LWvGQ7-MrVzDY-MQVeA9-MQVajU-MHUVTd-MU1CeB-LWtom6-LWvq7N-MLAwPe-MLA3zi-MU2ivn-MrVoL5-MLAk4F-LWtrfx-MQVwgo-MU2ecn-MLzT8c-LWvB7y-R5KMn4-SjLKb8-R5KKJp-R5KLec-R35rzj-R5KLL4-R35s8o-Xkifsq-CunnCo-EkoQJX-CwCef8-6QeqT3

22.04.2024 Скопје

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп го откажа предизборниот митинг во Вилмингтон, Северна Каролина, поради претстојното невреме, но на толпата им порача дека митингот ќе се одржи подоцна.

Трамп им се обрати на толпата од својот авион и им рече веднаш да се разотидат од безбедносни причини бидејќи гром удри во локацијата на собирот.

„Многу ми е жал што ова мораше да се случи, но сакаме сите да бидат безбедни“, им рекол Трамп на приврзаниците во Вилмингтон од својот приватен авион, околу половина час пред да им се обрати на аеродромот.

Средбата требаше да се одржи на аеродром во една од државите што ќе биде сцена на битката на претседателските избори во ноември.

Настанот требаше да се случи по првата недела од судењето на поранешниот американски претседател во Њујорк.

На Трамп му се суди за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајните готовински плаќања на порно актерката Сторми Даниелс и се соочува со затворска казна до 10 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author