TRKA HALKEKO SKOPJE

11.04.2024 Скопје

На 12 мај низ улиците на Скопје ќе се одржи седмото издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10 километри која секоја година привлекува голем број љубители на трчањето, професионалци и рекреативци. Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи, а под покровителство на Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на ХалкЕко Скопје трчa 10 километри е Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.

Пријавувањето за учество во трката ќе трае до 30 април, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување секој учесник треба да го одбере своето таргет време за кое планира да ја заврши трката бидејќи сите учесници ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето.

Почетна и завршна точка на трката ќе биде фонтанта Лотус во Градскиот парк, а ќе се трча по булеварите Илинден и Партизанска.

Подготвено од М.Д.

About Author