12.04.2024 Скопје
Тројца тинејџери се приведени во Германија под сомнение дека планирале напад мотивиран од исламистички екстремизам, соопшти германското обвинителство.
Обвинителите соопштија дека се приведени две девојчиња на возраст од 15 и 16 години и едно 15-годишно момче од западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Налозите за апсење на тинејџерите беа издадени за време на велигденскиот викенд, соопштија официјални лица.
Приведените тинејџери ја величеле терористичката група Исламска држава (ИД) и дека нивниот план вклучувал напади со ножеви и молотови коктели врз верниците во црквите и полицијата во полициските станици.
Официјални лица рекоа дека тинејџерите формирале група за разговор и дека истражителите веруваат дека постои закана од напад и дека тоа довело до претреси, иако немало конкретен план за напад во одредено време или место.
Германија во моментов е во состојба на готовност за можни исламистички напади поради војната меѓу Израел и Хамас.
Исламистичките екстремисти извршија неколку напади во Германија во последниве години, а најсмртоносниот беше во Берлин во декември 2016 година кога загинаа 12 лица.
Подготвено од А.Ѓ.