tik tokkk

11.04.2024 Скопје

Платформата ТикТок планира да објави нова апликација за споделување фотографии која по функционалност е слична на социјалната мрежа Инстаграм.

Компанијата веќе испратила известувања до некои корисници за лансирањето на новиот производ наречен Tiktok notes (TikTok Notes).

Во соопштението се вели дека компанијата наскоро лансира „нова апликација за објавување на фотографии“ и дека постоечките кориснички објави ќе бидат споделени на апликацијата Tiktok notеs.

Корисниците ќе можат да изберат да не ги споделуваат своите објави со слики во новата апликација.

ТикТок потврди дека работи на апликацијата, но изјави дека сè уште не е достапна.

„Како дел од нашата постојана посветеност за иновирање на искуството на ТикТок, истражуваме начини да ја зајакнеме нашата заедница и да ги охрабриме да создаваат и споделуваат својата креативност преку фотографија и текст во простор посветен на тие формати“, рече портпаролот на ТикТок.

ТикТок исто така експериментира со други формати како што се 30-минутните видеа, па дури и текстуалните објави кои се вообичаени на платформи како Twitter или Threads.

 Подготвено од А.Ѓ.

About Author