15.04.2024 Скопје
TикТок е една од најозборуваните платформи за социјални медиуми во последно време.
TикТок им нуди на креаторите на можност да заработат преку програмите TikTok Creativity и TikTok Rewards, како и подароци што ги добиваат од гледачите за време на преносите во живо, а TикТок добива дел од приходите генерирани со овој метод.
Според извештајот споделен од Bloomberg, ByteDance, кој е сопственик на TикТок, минатата година ги зголемил приходите од апликацијата за социјалните медиуми за 60 отсто. Според тоа, заработката порасна на 40 милијарди долари. Инаку, таа бројка беше 25 милијарди долари во 2022 година.
На оваа добивка влијае и TikTok Shop што TикТок го лансираше во САД и земјите од Југоисточна Азија. За оние кои не знаат, TikTok Shop им овозможува на продавачите да ги водат своите продавници за е-трговија преку платформата за социјални медиуми. Како што може да претпоставите, TикТок добива провизија од продажбата направена овде.
Соединетите држави и TикТок не беа во добри односи во последните неколку месеци, а платформата се соочува со забрани таму.
Подготвено од А.Ѓ.