26.04.2024 Скопје
Намалувањето на цените доаѓа откако Tесла објави овој месец дека нејзините глобални испораки паднале за 8,5 отсто во првиот квартал.
Производителот на електрични автомобили Тесла ги намали цените на своите главни пазари, вклучително и во САД, Европа и Кина, поради падот на продажбата и пренатрупаноста. Tесла ја намали почетната цена на редизајнираниот Model 3 во Кина за 1930 долари на 32.000 долари.
Во Германија, американскиот производител на електрични автомобили ја намали цената на моделот 3 со погон на задните тркала на 40.990 евра од 42.990 евра. Намалување на цените имаше и во многу други земји во Европа, Блискиот Исток и Африка, изјави портпаролот на Тесла.
Во САД, Teсла во петокот ги намали цените на своите возила Model Y, Model X и Model S за 2.000 долари. Намалувањето на цените доаѓа откако Teсла објави овој месец дека нејзините глобални испораки во првиот квартал паднале за 8,5 проценти на 386.810 возила, бидејќи производителот на автомобили се соочи со намалена побарувачка за електрични возила и засилена ценовна војна која вклучува поевтини кинески возила.
Подготвено од А.Ѓ.