https://www.facebook.com/photo.php?fbid=656543389169357&set=pb.100044411046937.-2207520000.&type=3

05.04.2024 Скопје

Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари, денеска ја презентираше претседателската платформа заснована на четири столба, Република Северна Македонија интегрирана во регионот и Европа, Република Северна Македонија производител на безбедност,Република Северна Македонија правна држава и Република Северна Македонија консензуална демократија.

Таравари во своето обраќање истакна дека доколку ја добие довербата од граѓаните, ќе бара гаранција од Европската унија дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Република Северна Македонија, како и ќе се заложи за продлабочување на регионалната соработка, како и тоа дека ќе предложи земјава веднаш да излезе од иницијативата Отворен Балкан.

Таравари порача дека  ќе бара гаранција од Европската унија дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Република Северна Македонија. На стартот на кампањата тој на агендата како што најавија од неговиот изборен штаб  средба со граѓани во Дебар.

Подготвено од М.Д.

About Author