04.04.2024 Скопје
Денес, 4 април, на Светскиот ден на бездомни животни, од ЈП „Лајка“ потсетуваат дека во светот има 600 милиони бездомни животни кои секојдневно се соочуваат со борба за опстанок, се соочуваат со глад, болести, изложени се на екстремни горештини, студови и жега и што е уште почесто, тие се бркани од непријателски расположени и насилни луѓе.
Оттаму апелираат до граѓаните да изберат вдомување наместо купување миленик, да изберат стерилизација наместо размножување, да бидат одговорни сопственици и да не ги напуштаат своите миленици.
На овој Светски ден на бездомните животни, да се обединиме во солидарност со овие безгласни суштества.
Подготвено од М.Д.