maksim-1068x700

10.04.2024 Скопје

Советот на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски не постапиле согласно законите и Уставот кога донеле одлука за суспензија на ДУП кој го донеле една и пол година претходно. Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува одлуката на Советот и градоначалникот Димитриевски за суспензија.

Советот на општина Куманово го носи ДУП-от на 28 декември 2021 година а потоа на 6 јуни минатата година истиот го суспендира.

Аргументите на Уставниот суд се дека локалната власт при одлуката за суспензија морала да побара мислење од централната власт односно од министерството за транспорт и врски каде достацвиле елаборат. Од миниатерството се произнеле бнегативно но Советот и градоначалникот сепк одлучиле да го суспендираат ДУП

Во кумановскиот суд минатата недела почна процес каде на обвинителната клупа е токму градоначалникот Димитриевски по приватна кривична пријава две компании инвеститори кои треба таму да градат зграда и кои ја поднесоа иницијативата до Уставниот суд која денеска заврши со одлука.

Првото рочиште беше одложено а следното е закажано на 30 април. Тие го товарат за злоупотреба на службената положба и овластување а штетата ја проценуваат на два милиони евра.

Бизнисмените кои се оштетени со постапките на градоначалникот, пак тврдат дека тој само глуми жртва и две години ги малтретира, и ги гази сите закони и судски одлуки.

На 15 април Димитриевски треба да се јави на распит во Обвинителството кое добило пријава од граѓанин дека тој не извршил судска одлука.

Подготвено од М.Д.

About Author