19.04.2024 Скопје
Една од поротниците беше оправдана од судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп бидејќи изјавила дека се чувствува заплашено откако биле објавени одредени аспекти од нејзиниот идентитет, објави судијата Хуан Меркан.
„Изгубивме веројатно многу добар поротник“, рече судијата, додавајќи дека медиумите треба да се воздржат од објавување на одговорите на потенцијалните поротници за тоа каде работат.
Обраќајќи се пред судот, поротникот рече дека ги контактирале семејството, пријателите и колегите, откако медиумските извештаи заклучиле дека таа е во поротата.
„Не верувам дека во овој момент можам да бидам фер и непристрасна и да не дозволам надворешни фактори да влијаат на мојата одлука во судницата“, рече поротникот – еден од седумте избрани оваа недела.
На Трамп му се суди за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајните готовински плаќања на порно актерката Сторми Даниелс и се соочува со затворска казна до 10 години.
Поранешниот американски претседател се изјасни за невин по 34 точки од обвинението.
Судењето се очекува да трае шест до осум недели.
Подготвено од А.Ѓ.