03.04.2024 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи петгодишен пакет воена помош за Украина од 100 милијарди евра, со кој Алијансата ќе обезбеди подиректна поддршка за Киев, потврдија пет неименувани дипломати.
Дипломатите наведуваат дека, во согласност со тој план, НАТО ќе преземе некои координативни должности од таканаречената Рамштајн група предводена од САД, со цел да се заштити од какво било намалување на американската поддршка доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа.
Овој предлог се очекува да биде разгледан на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО со цел да се создадат услови овој пакет помош да биде усвоен за време на самитот на Алијансата во Вашингтон во јули.
Досега, НАТО како организација се ограничуваше на несмртоносна помош за Украина поради стравувањата дека подиректна улога може да предизвика ескалација на тензиите со Русија. Повеќето нејзини членки ја снабдуваат Украина со оружје на билатерална основа.
Подготвено од А.Ѓ.