akademija za sudii i javni obviniteli

02.04.2024 Скопје

Почна полагањето на приемниот испит за влез во академијата за судии и јавни обвинители, а во јавноста не се открива како ќе се надмине неспроведливата законска одредба со бодовите на практичниот тест.

Од министерстовто за правда не откриваат дали на повидок има решение за веселата математика во законот за академија за судии и јавни обвинители во кој  збирот на устниот и писмениот дел што еден кандидат може да ги добие на парктичниот испит е 105, а во истиот законот пишува- најмногу 100 бода. Двајца адвокати го осприја законот и пред Уставениот суд но според информациите од таму за сега нема најава кога ќе биде ставен на седница.

Од денеска кандидатите за деветтата генерација го полагаат квалификацискиот тест за влез во Акадeмеијата. Следен е практичниот испит кој е планирано да се на полага од 18ти април.

Ова е еден од аспектите што го спорат и од опзициската ВМРО ДПМНЕ  кои денеска освен  Законот за Академија го проблематизираа и тоа што полагањето на приемниот испит се спроведува во предизборие. Неодамна поднесоа и претставка до антикорупцсика за прекршување на членот 8 -а од Изборниот законик кој забранува вработувања по распишување на изборите.

Подготвено од М.Д.

About Author