gjurikj srbija 123

22.04.2024 Скопје

Амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ, истакна дека Србија бара подносителите и покровители на резолуцијата за Сребреница да го повлечат тој предлог за да се постигне помирување во регионот и да не се политизира оваа чувствителна тема.

Тој истакна дека интересот на предлагачот на Резолуцијата е повеќе од геополитички карактер.

Тој вели дека немало консултации за предлог-резолуцијата, а индикативно е што резолуцијата не се носи на годишнината од злосторството, туку меѓу 28 и 29 години.

„Кога беше усвоена Резолуцијата за геноцид во Руанда, за неа најпрво се разговараше во Африканската унија, а беа одржани и консултации кога во Обединетите нации беше усвоена Генералната резолуција за геноцид, која беше коспонзорирана од Србија и Босна и Херцеговина. Кога има дијалог, тогаш може да се дојде до решение“, истакна Ѓуриќ

Тој вели дека целта на ваквата резолуција е „да и се даде страшна политичка етикета“ на едната страна.

Тој потсети дека Србија јасно го осуди злосторството во Сребреница, дека двајца претседатели на Србија им оддадоа почит на жртвите во Сребреница и дека претседателот Александар Вучиќ, тогашен премиер, беше нападнат од екстремисти во Поточари.

Ѓуриќ престојува во Њујорк каде денес со претседателот Александар Вучиќ ќе учествува на редовната седница на Советот за безбедност на ОН за Косово и Метохија, а најави дека потоа ќе има бројни средби на кои ќе се разговара за резолуцијата за Сребреница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author