https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292043543_595594765264771_3607228327691668458_n.jpg?_nc_cat=109&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=q9_BntQ1rR0AX8YKw1O&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT-HZkiTTSegEXntaUDuxx9fW19a2GO5PvU_VLBbGNWx0g&oe=62D30F66

02.04.2024 Скопје

„Морам да признаам и да кажам дека сум разочаран од некои високи функционери не само на ЕУ, туку и на одделни земји. Не би сакал да ги именувам земјите, не ми прилега како претседател на државата, но очекувавме многу повеќе од најсилните земји од ЕУ во оваа насока дека всушност не можат да ја убедат Бугарија да не пуштат без тие несоодветни услови. Никој во Република Северна Македонија не може да верува во тоа“, изјавил претседателот Стево Пендаровски, говорејќи за евроинтеграциите на Република Северна Македонија.

Пендаровски вели дека паѓа поддршката за ЕУ поради чекањето за влез веќе 20 години.

„Паѓа драстично поддршката. Во последните две години таа поддршка е преполовена. Ние секогаш сме биле со високи проценти, до дури 90% за влез во ЕУ, но под тие услови кои беа во моментов. Сега кога ќе ги прашате Македонците, особено дали Република Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ под овие услови, Бугарите да влезат во Уставот, 80% ќе кажат НЕ“, вели Пендаровски.

Според него, чудно е тоа што САД, кои не се членка на ЕУ, „беа многу поактивни во целиот овој период во однос на Бугарија и во однос на Брисел“.

„Знаете, јас секогаш велам, колку помалку ЕУ на Балканот, толку повеќе Русија. Ако оставите вакуум во стратешка смисла, тогаш другите ќе го пополнат. Јас тврдам дека има многу причини за тоа што целиот Западен Балкан не напредува кон Унијата. Сепак и нашата домашна задача не беше завршена навреме или со соодветен квалитет, тоа е сигурно. Исто така кон ова се придодава и не толку големиот фокус на ЕУ кон регионот. И тоа ја отвори широко вратата за руското влијание во регионот“, потенцира меѓу другото, претседателот во интервјуто.

Подготвено од М.Д.

About Author