15.04.2024 Скопје
Миколас Алекна од Литванија постави нов светски рекорд во фрлање диск на натпреварувањето во Рамона, Соединетите Американски Држави.
Новото најдобро достигнување на 21-годишниот Алекна е 74,35 метри. Претходниот рекорд во оваа дисциплина беше и најстариот во машката атлетика досега – како што беше речиси 38 години. Тогашниот „источен“ Германец, Јирген Шулт (сега има 63 години) го фрли дискот 74,08 метри во 1986 година во Нојбранденбург.
Така, Алекна со голема брзина влезе во историјата, но сега Меѓународната атлетска федерација треба да го ратификува ова достигнување.
Подготвено од А.Ѓ.