pari 2

08.04.2024 Скопје

Не се остваруваат месечните план за собирање на Данокот на додадена вредност кој во првиот кварт забележува кумулативен пад од 15%. Во јануари и март е остварен помал приход од овој данок. Секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата. Помал приход е забележан и за овој данок што се плаќа при увоз и за акцизите. Има потфрлување и кај другите приходи во буџетот.

Оваа информација ја објави на социјалните мрежи дополнителната заменичка-министерка за финансии Елена Петрова.

Според неа, сериозен пад има и кај приходите од данокот на личен доход и од придонесите.

„ За 7% заостанува остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март. Помал приход во март споредено со ланскиот март има има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.), а за 14% заостанува остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март“, истакнува Петрова.

Петрова прашува дали МФ и УЈП направиле анализа за на што се должи и потфрлањето кај приходите од данокот на личен доход и од придонесот за ПИО во март, по зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи?

Дали можеби УЈП ги стави во „мораториум” мерките за наплата на даноци во овој предизборен период?- прашува Петрова.

Подготвено од М.Д.

About Author