https://www.flickr.com/photos/142872259@N05/40015536335/in/photolist-23Y35Qg-aNojcg-ThRqmz-22ucTZJ-dyijoT-bpaggu-R3dDUX-MfRRdR-MLqp5q-azebNv-ETASk9-9dbame-4aDqiQ-9vQrNr-8pcJyJ-xRCxEe-Gamq9A-5NMMvM-7ZSHof-2MFsBo-8otKP2-7iFb8y-D51oRc-5DAiqj-br1GHx-c5LHYj-R3dCDR-fdhtaX-R3dy6n-R3dAMp-cYnN9o-c5LJaE-srJ9wE-eEtJRP-4Mc6TC-Ufc6i7-u452Ld-FjnFeG-2dpQKXR-XsmrkQ-22qpur9-Xsmykm-5nEjWh-56V6S9-8SKd7g-8SKcBK-8TAzRx-UsGBeM-2dGFLUL-fAAp5Q

26.04.2024 Скопје

Управата за безбедност на храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата на Република Словенија го повлече замрзнатото шумско овошје со трговско име Misto di bosco (1 кг) од италијанскиот бренд Versilfood.

Производот е отповикан поради потврдено присуство на норовирус и вирус на хепатитис А.

Повлечените производи имаат сериски броеви 02AUIE, 03AURE, 17MTIE, 29MTIE, а датумите на истекување се 30 октомври 2025 година и 30 декември 2025 година.

Дистрибутерот ги замолува клиентите да не ја консумираат храната и да ја вратат на местото на купување, каде што ќе им бидат вратени парите, а доколку тоа не е можно, да ја фрлат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author