11.04.2024 Скопје
Наскоро се очекува исходот од приватизацијата на големото хрватско бродоградилиште Уљаник во Пула.
По неодамнешните одлуки на Владата на Хрватска, сопственичкиот статус беше решен и навремено беше деблокирана сметката, а беа откриени и кандидати за нови сопственици.
Ресорното Министерство за економија разговараше со сите инвеститори кои досега пројавиле интерес за преземање, а најголемо изненадување е враќањето во играта на чешкиот претприемач Јарослав Стрнад и појавата на Словенецот, Душан Шешок.
Новото лице во продажбата на Уљаник е токму Душан Шешок, сопственикот на словенечка Искра, кој веќе имаше неколку аквизиции во Хрватска. Првото влегување во хрватското поле беше инвестиција во бродоградба, со купување на остатоците од стечајот на некогашното ремонтно бродоградилиште во Шибеник, кое денес успешно работи како бродоградилиште Искра.
Тој ја презеде и загрепската кабловска индустрија Елка, а од неодамна и сплитската компанија специјализирана за уреди за прочистување на отпад и вода за пиење Елмап.
Досега и во случајот со Уљаник се држеше настрана, но сепак е заинтересиран да учествува во понатамошната постапка.
Но, самото наддавање нема веднаш да се отвори. Реално е, всушност, да се очекува процесот да започне дури на крајот на годината, бидејќи ваквото темпо одредува усогласеност со законските прописи и процедури, од проценката на вредноста на компанијата до формално одобрување на условите за продажба.
Инвестиции во Босна и Херцеговина
Покрај агресивната експанзија во Хрватска, Искра во својата експанзија сериозно ја вклучи и Босна и Херцеговина.
Како што потсетува Бизнисинфо, на почетокот на оваа година беше завршена изградбата на новиот производствен капацитет на компанијата „Искра Тела Л“ во Лакташи, „фирмата ќерка“ на Искра во Босна и Херцеговина.
„Искра“ д.о.о. Словенија е компанија која е основана во 1946 година со 78-годишна традиција во производството на индустриска електроника, енергија и телекомуникациска опрема.
„Искра Тела Л“ д.о. во Лакташи е основана во 2007 година како подружница и моментално се занимава со производство на индустриска електроника, ТВ антени, кондензатори и шприц на термопластика и терморегулатори.
Искра во БиХ веќе има производство и околу 100 вработени, а планот е да ангажира 500 работници.
Со оваа инвестиција во БиХ „Искра“ ја зајакнува сопствената позиција во регионот и во светло на очекуваната интеграција на БиХ во Европската унија. Инвестицијата во Лакташи, според претходните проценки, е вредна 15 милиони евра, а словенечката групација ќе ги прошири производните активности во својот електротехнички бизнис, со цел оптимизирање на деловните трошоци.
Подготвено од А.Ѓ.