01.04.2024 Скопје
Симон Трпчески со својот квинтет и со оркестарот „Ајга“ ја разнежи и ја крена на нозе целата публика во Филхармонијата, на првиот од двата концерта со кои ја промовира оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“.
Македонскиот пијанист со светски успеси рече дека е најголема одговорност да се свири дома и се обиде да ја долови светската премиера на оваа верзија на проектот, која се одржа во престижната сала „Музикферајн“ во Виена.
„Се тресевме како ќе биде во Виена и на крајот се тресеше ‘Музикферајн’. Композиторот Панде Шахов успеа да го долови нашиот фолклор на оркестарски начин, да го спои со класичната музика и да допре до длабочината на македонската песна“, рече Трпчески.
Подготвено од М.Д.