23.04.2024 Скопје
Унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека Унгарија ќе го блокира пакетот помош од 1,5 милијарди евра од ЕУ за Украина, тврдејќи дека причината за тоа е наводен „лов на вештерки“ против унгарските компании во таа земја.
Унгарија се истакнува како најсилен сојузник на Москва меѓу земјите на ЕУ, откако го искористи своето право на вето за да ја блокира помошта на ЕУ за Украина. Земјата одби да испрати оружје во Киев и останува единствената држава на ЕУ која одржува врски со Кремљ од руската инвазија на Украина.
Како изговор за блокирање на помошта, унгарскиот министер Петер Сијарто тврдеше дека Украина наводно применува дискриминаторски практики против унгарските компании и нагласи дека додека ситуацијата не се промени, Унгарија ќе ја укине помошта, според унгарскиот медиум Индекс, цитирајќи го соопштението за печат на Министерството.
Подготвено од А.Ѓ.