18.04.2024 Скопје
Швајцарскиот парламент ја одобри забраната за истакнување на нацистичка свастика.
Гласањето уследи по зголемената загриженост за зголемениот антисемитизам.
„Расните дискриминаторски, насилни, екстремистички и особено националсоцијалистичките симболи немаат место во нашето општество и не треба да се користат во јавноста“, рече министерот за правда Бит Јанс во парламентот.
Правната комисија на Долниот дом препорача брзо спроведување на забраната, која веќе беше одобрена од швајцарскиот Горен дом.
Владата сега мора да подготви закон за забрана на носење, јавно прикажување или ширење на расистички, насилни или екстремистички симболи. Забраната ќе се однесува на пропагандни материјали, гестови, слогани и знамиња.
Нацрт-законот потоа мора да биде одобрен од двата дома на парламентот.
Бројот на антисемитски инциденти во Швајцарија се зголеми по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Подготвено од А.Ѓ.