18.04.2024 Скопје
Едни протестираат – други смируваат. Неисплатени две плати причина вработените во Национални едногласно да го изразат револтот пред претпријатието. Побараа плата веднаш, во спротивно ќе ги радикализираат протестите.
Го разбирам револтот на вработените, но причината поради која доцнат платите е тоа што претпријатието се соочува со намалени приходи од претходната сезона и побарав помош од Владата, вели директорот Валентин Груевски.
На владина седница во текот на денот ќе се разговара за овој проблем, велат од Влада. Има пари за нови вработувања, нема пари за плата на 1800 вработени алармираат од синдикатот. Груевски пак тврди вработувањата не се причина поради која доцни платата.
Според синдикатот во ЈП Национални шуми има околу 1800 вработени од кои 355 биле примени на работа пред два месеци, а основната плата без додатоци на еден шумарски инженер не изнесува повеќе од 26 000 денари.
Подготвено од М.Д.