grupacija g7

17.04.2024 Скопје

На италијанскиот остров Капри во Италија се собраа министрите за надворешни работи на земјите од Г7 на тридневни разговори.

Во фокусот на разговорите на министрите од САД, Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада и Јапонија, ќе доминираат војните во Газа и Украина, како и континуираната ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран.

Италија, која моментално заседава со групата Г7, се залага за прекин на огнот во Газа и за деескалација на тензиите на Блискиот Исток, но Израел се чини многу веројатно ќе возврати на нападите на Иран, и покрај повиците на Западот за воздржаност.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека наспроти големите меѓународни тензии, задачата на Г7 под италијанско раководство е да работи на постигнување мир.

Земјите од Г7 ветија поддршка на Израел по нападот од Иран, за кој се смета дека е одговор на израелскиот воздушен напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск на 1 април, во кој загинаа двајца генерали и неколку други ирански офицери.

Воведната седница вечерва ќе се фокусира на Газа и Иран, а ситуацијата во Црвеното Море ќе биде разгледана утре. Пред да се фокусираат на Украина, министрите ќе ги разгледаат начините за зајакнување на врските со Африка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author