vuchikj

22.04.2024 Скопје

Претседателот Александар Вучиќ соопшти дека во Мисијата на Србија во Обединетите нации во Њујорк е формиран штаб кој ќе се занимава со прашањата поврзани со обидот за усвојување резолуција за Сребреница и рече дека шансите на Србија не се големи, но дека ќе се бори.

„Нашите шанси не се големи, но ќе се бориме за Србија и верувајте народот ќе ги види резултатите“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“, заедно со фотографија од состанокот на персоналот во Њујорк.

Вучиќ престојува во Њујорк, каде денес ќе ја претставува Србија на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе биде претставен редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за работата на УНМИК.

За време на престојот во Њујорк, тој ќе одржи и низа консултации со претставници на земјите членки на ОН, со цел да го објасни ставот на Србија во однос на најавената резолуција за Сребреница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author