NAKUDE SKOPJE NARODNA NOSIJA

11.04.2024 Скопје

Продолжува континуитетот на Семинарот за традиционална музика и игра кој се оддржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

При неговото создавање во 2022 година се водевме од една важна премиса „само преку спознавање на локалното, може да се стигне до глобални знаења. Оттука беа оддржани и семинарите „Од Средорек до Дурачка Река“, и „ШОПЦИ/КОТОРЦИ“ разработувајки ги етничките предели Жеглигово, Средорек, Западен дел на Славиште, Источен дел на Славиште, Дурачка Река, Овче Поле и градот Кратово.

Доколку се водиме од фактот за богатата локална традиција на нашите предци несомено една година е мал период за „осознавање на локалното“.

Оттука и во новата 2024 година целејќи кон глобалните знаења нашиот фокус останува на научно и практично осознавање на локалната традиција, традицијата на нашите предци.

Центарот на нашето условно речено „поаѓање“ останува градот Куманово, односно некогашниот етнички предел Жеглигово. Отсечката ја повлекуваме кон север, односно кон етничкиот предел Скопска Блатија, и движиме „НАКУДЕ СКОПЈЕ“.

Центарот на нашето условно речено „поаѓање“ останува градот Куманово, односно некогашниот етнички предел Жеглигово. Отсечката ја повлекуваме кон север, односно кон етничкиот предел Скопска Блатија, и движиме „НАКУДЕ СКОПЈЕ“.

Концептот на семинарот за традиционална музика и игра, се заоснова на два фундумендални постулати, односно на теоретски и практични знаења. Во првиот дел од семинарот, ќе се реализира мастер клас на тема „Накуде Скопје“, кои ќе ги објасни етничките разлики помеѓу споментатите етнички предели. Семинарот ќе овозможи осознавање на овој дел од традицијата преку визуелниот сегмент, еден од најзначајните извори за науките поврзани со традицијата, каде што ќе бидат прикажани традиционални носии. По воспоставените теоретски знаења вториот дел на семинарот за свој фокус ќе има практична работа. Од најархаичните обредни игри до соборски ора, како и од обредни вокални напеви до соборска музичка традиција.

Подготвено од М.Д.

About Author