15.05.2024 Скопје
Временските услови и наглото затополување придонесоа за рана вегетација на дрвјата и тревите, со што се зголеми концентрацијата на полените во воздухот. Најчесто децата со овие симптоми се лекуваат амбулантски. Во овој момент, на Клиниката има 15 хоспитализирани деца со потреба од болнички третман, појасни директорката на Детската клиника.
Цвејоска Чолаковска информираше и дека во амбулантите на Клиниката за детски болести во Скопје се прегледуваат од 100 до 150 деца, на дневна основа.
„Вакви алергии сме немале, кон средината на овој век се смета дека секое второ дете ќе биде со некаква алергија. Но тоа не е семо кај нас, туку во светски рамки“, подвлече директорката, појаснувајќи дека има многу причини за зголемување на алергиите кај децата, споменувајќи ги меѓу другите и аерозагадувањето и тоа, каква е исхраната.
Подготвено од М.Д.