GORI UNIVERZALNA SALA

09.04.2024 Скопје

Големи пламени јазици ја зафатија Универзалната сала. Над еден од симболите на Скопје, кој е во фаза на реконструкција, се издигнува густ црн чад. Причините за пожарот се непознати.

Граѓаните се вознемирени, јавноста со нетрпение ги очекува надлежните со причините за пожарот.

Екипи на противпожарната бригада се излезени на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, со отстранувањето на тешките последици и обновувањето на градот, започнала изградбата на Универзална сала, како трајно одбележување на хуманата акција на донатори од странство. Во хуманитарната акција учествувале 35 држави, а некои од нив се  Турција, Австралија, Јапонија, Канада, Израел, но и уште многу други.

Во 1965 година никнува објектот Универзална сала. Иако недовршен и без технички прием, во период од 26 јули до 2 август во 1965 година ги прима учесниците на втората „Средба на солидарноста“.

Подготвено од М.Д.

About Author