22.04.2024 Скопје
Мета ја носи функцијата за создавање слики со вештачка интелигенција во реално време на WhatsApp.
Оваа опција им овозможува на корисниците да креираат слики врз основа на едноставни описи на текст и да ги споделуваат директно од разговорот.
Оваа опција се уште е во бета тестирање, целиот процес е едноставен. Доволно е да напишете текстуален опис на нешто во разговорот, а со помош на оваа опција ќе ви се создаде слика со помош на вештачка интелигенција.
Моделот за вештачка интелигенција зад оваа генерација на слики е програмата Llama 3 на Мета, таа беше претставена претходно овој месец и означува голем скок во перформансите во однос на неговите претходници.
Не само што Llama 3 може да прави слики и анимации, туку може и да одговара на прашања и да извршува одредени задачи ако го побарате тоа.
Подготвено од А.Ѓ.