policija

05.04.2024 Скопје

Австриската министерка за правда Алма Задиќ рече дека ќе има построги казни „за какви било шпионски активности“.

„Мораме да се погрижиме секоја шпионска активност во Австрија да биде казнива со закон, без разлика против кого е насочена“, рече таа.

Според неа, во тек е изработката на законот кој ќе ја регулира таа област.

Минатата недела, поранешниот вработен во австриската Федерална канцеларија за заштита на уставот и борбата против тероризмот, Егисто От, беше приведен под сомнение дека и дал тајни информации на Русија.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер свика вонреден состанок на австрискиот Совет за безбедност на 9 април во врска со овој случај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author