01.04.2024 Скопје
Пред точно 210 години, на 31 март во 1814 година, рускиот император Александар Први, придружуван од австриски и пруски војсководци, го примил „клучот“ на градот Париз, од францускиот министер Талејран.
Со овој чин се завршени борбите за француската престолнина, кои се водат меѓу француската армија и сојузниците од Шестата алијанса, во која членуваат Русија, Австрија и Прусија. Истиот ден е донесен акт, со кој се обезвластува и протерува императорот Наполеон Бонапарта, по чија власт само неколку години претходно се наоѓа речиси цела Европа.
Александар Први ветува дека под окупација градот ќе остане само во текот на пет недели, а во тој интервал е донесен и новиот Устав на Франција, а на власт се враќа старата династија на Бурбонците.
Иако, Наполеон потоа ќе успее да се врати во Париз и да започне нова војна, сепак денешниот датум се смета за главен настан во борбата против францускиот империјализам.
Подготвено од М.Д.