pupovac

18.04.2024 Скопје

Потпретседателот на Независната демократска српска партија (СДСС) Милорад Пуповац изјави дека оваа партија постигнала многу добар резултат на денешните парламентарни избори во Хрватска и дека нејзиниот резултат е подобар од пред четири години.

„Во голем број области го освоивме мнозинството од гласовите на српскиот електорат. Тоа само потврдува дека и покрај политичките тешкотии во кои работиме, во кои функционираше владата, во која работиме како партија, нашиот електорат не само ни останува лојален, но и се проширува, а тоа е многу важно затоа што ќе биде уште еден аргумент против оние кои сакаат да ги доведат во прашање нашите мандати и нашата парламентарна активност“, изјави Пуповац.

Тој додаде дека е задоволен што околностите не се драстично променети во политичкиот живот и дека веројатно ќе биде полесно да се формира парламентарно мнозинство отколку што се мисли.

„Што се однесува до нас, ќе се консултираме со нашите партнери, со другите малцински претставници. И тогаш, кога ќе ги имаме тие дискусии, ќе имаме малку појасна позиција во однос на нашето позиционирање“, рече Пуповац.

Според него, СДСС ќе почека следниот ден и ќе види како целосно ќе се распределат политичките сили по изборите во Хрватска, а потоа ќе видат каде им е местото, што е најдобро за државата, српската заедница и другите национални малцинствата во Хрватска, па тогаш ќе имаат свој став.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author