Saso-Mijalkov1

02.04.2024 Скопје

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура предложил условен отпуст за затвореникот, поранешен шеф на УБК Сашо Мијалков, а Кривичниот суд во Скопје го прифатил ваквиот предлог. Според решението кое го донел судот Мијалков би требало да оди на условен отпуст една недела пред крајот на годинава, па се до април следната година.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа. Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, се вели во соопштението од Кривичниот суд – Скопје

Сашо Мијалков се спогоди со обвинителството и за случајот Империја доби 3 годишна затворска казна. Откако ја промени домашната адреса од Скопје во Охрид, беше однесен во струшкиот затвор на издржување. Според законот кога осуденикот има добро поведение и по издржувањетто на половина од казната, може да добие скратување на истата.

Во февруари Мијалков доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“, кој беше во врска со злоупотреба на пари од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во повторената постапка Обвинителството изврши измена на обвинителниот акт а според судот не се докажало дека го сторил делото.

Подготвено од М.Д.

About Author