https://www.facebook.com/photo.php?fbid=589574345863710&set=pb.100044334494154.-2207520000..&type=3

25.04.2024 Скопје

Шпанскиот премиер Педро Санчез на социјалната платформа „Х“ објави дека ќе ги прекине јавните должности за да „застане и размисли“ дали сака да се занимава со политика.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали сето ова вреди и дали треба да продолжам да ја водам администрацијата или да се откажам од честа“, вели Санчез во писмото објавено на „Х“.

Санчез го објави писмото откако судот во Шпанија претходно објави дека започнува прелиминарна истрага за тоа дали неговата сопруга Бегона Гомез извршила трговија со влијание и корупција во нејзиниот приватен бизнис.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author