02.04.2024 Скопје
Водните системи на САД се повеќе се цел на сајбер напади. Агенцијата за заштита на животната средина ги повикува американските држави драматично да ги зајакнат своите ИТ безбедносни мерки за заштита од идни инфраструктурни напади.
Помошникот на претседателот за прашањата за национална безбедност напиша писмо оваа недела во кое ги опишува сајбер нападите врз американските водни системи поддржани од Кина и Иран.
Тоа се напади кои имаат потенцијал целосно да ја оневозможат водата за пиење и да наметнат значителни трошоци за заедниците.
Сајбер-група, наводно поддржана од кинеската комунистичка влада, исто така инфилтрирала повеќе критични инфраструктурни системи, вклучително и оние што ракуваат со вода за пиење.
Освен најавата и подигањето на јавното мислење, засега не се познати понатамошни чекори кога станува збор за сајбер напади врз американските системи за водоснабдување.
Подготвено од А.Ѓ.