15.04.2024 Скопје
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека може да се избегне поширока војна меѓу Израел и Иран.
Зборувајќи за нападот на Иран врз Израел во саботата, Кирби ја коментираше можноста за поширока војна меѓу двете земји и изјави дека „САД не веруваат дека тоа е неизбежно, ниту мора да биде“.
Тој изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „многу благодарен за поддршката што претседателот Бајден му ја даде на Израел“.
Бајден претходно го предупреди Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во одмазднички напад на иранска територија.
Техеран предупреди дека повторно ќе изврши посилен напад доколку Израел или САД возвратат на синоќешниот ирански напад врз Израел, при што беа лансирани повеќе од 300 беспилотни летала и проектили.
Во текот на ноќта, Иран започна напад врз Израел како одмазда за нападот на 1 април врз иранскиот конзулат во Дамаск за кој е обвинет Израел.
Подготвено од А.Ѓ.