25.04.2024 Скопје
Русија стави вето на нацрт-резолуцијата за непролиферација на нуклеарно оружје во вселената, чиј автор беше Америка и Јапонија.
Нацрт-резолуцијата беше поддржана од 13 членки на Советот за безбедност на ОН, додека Кина беше воздржана.
„Тоа е посмешно од резолуцијата“, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја пред гласањето.
Советот за безбедност на ОН го отфрли амандманот на Русија и Кина на оваа нацрт-резолуција.
Амандманот беше поддржан од седум членки на Советот за безбедност на ОН, меѓу кои Русија и Кина, седум беа против, меѓу кои Америка, Франција и Велика Британија, додека Швајцарија беше воздржана.
Според амандманот предложен од Русија и Кина, Советот за безбедност на ОН ги повикува сите држави „да преземат итни мерки за да спречат трајно распоредување на оружје во вселената“ и бара да се постигне релевантен мултилатерален договор преку преговори.
„Токму ова е она што огромното мнозинство земји сега го очекуваат од Советот за безбедност на ОН. Ги повикуваме сите одговорни учесници во вселенските активности да го поддржат нашиот предлог“, рече Небензја.
Нацрт-резолуцијата беше предложена од Америка и Јапонија по речиси шест недели преговори.
Подготвено од А.Ѓ.