Luxembourg's village of Schengen

01.04.2024 Скопје

Романија и Бугарија делумно се приклучија на европската зона без проверка на патните документи, што означи нов чекор во подлабоката интеграција на овие две земји-членки во Европската унија.

По долгогодишни преговори за приклучување во таканаречената Шенген зона, сега има слободен пристап за патниците кои пристигнуваат по воздушен или морски пат.

Сепак, копнените гранични контроли ќе останат во сила поради противењето, првенствено од Австрија, која долго време го блокираше нивниот влез во Шенген поради загриженоста за илегалната миграција.

Австрија стави вето на приемот на Романија и Бугарија во Шенген зоната на крајот на 2022 година, но и дозволи на Хрватска целосно да пристапи. Бугарија и Романија се приклучија на ЕУ во 2007 година, а Хрватска во 2013 година.

Подготвено од М.Д.

About Author