maksim-1068x700

03.04.2024 Скопје

На прво судско рочиште против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, обвинителството го промени обвинението, дел од доказите ги повлече и предложи нови докази.

Основниот суд во Куманово го одложи рочиштето против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, затоа што неговата одбрана побара време да биде запознаена со новите докази што денеска ОЈО Куманово ги предложи како нови пред судот. На ова реагираше дел од одбраната на оштетените со образложение дека сведоците во овој процес остануваат исти и затоа нема пречка рочиштето да се одржи. Сепак, одбраната побара, а судот се согласи, рочиштето да биде одложено и поради тоа што Димитриевски има обврски како претседателски кандидат околу кампањата и одржувањето на изборите.

Тој кажа дека континуирано се случуваат нарачки од „високи“ носители на политички функции од власта, за кои рече ги злоупотребуваат институциите.

„ Тие се лидершипот на власта, претседатели, потпретседатели, поранешни носители на високи функции вечни министри…Недозволиво е уште необјавена одлука од Уставен суд, адвокатот кој застапува една од страните во постапката да ја објави одлуката. Тоа покажува длабока поврзаност со највисоките судски органи во власта. Функциите во независната судска власт се избираат од политичари, тука е заглавен системот, кој е узурпиран и е во функција на политичка елита на власт, без разлика дали се едните или другите. Овој случај е политички монтиран и единствено што сакаат е да ми наштетат, аво контекст на изборите“, рече Димитриевски.

Димитриевски изјави дека верува во институциите на системот и покрај тоа што во кумановскиот суд има „големи осила“, но има и „пчели кои ги почитуваат законите“.

„Ниту сум спречил, ниту ќе спречам некој да гради згради висококатници, но кога се работи за училишта, медицински објекти, тоа е јавен интерес и јас сум должен да го штитам. Ова е фарса во контекст на избори и сметам дека ќе доживее фијаско, ќе оставиме на времето. Ќе се заложам максимално од позицијата за која претендирам да го демонтираме овој судски систем кој постои во соработка со обвинителскиот и МВР во целост“, рече Димитриевски.

Подготвено од М.Д.

About Author