03.04.2024 Скопје
„Владините криминални структури се влезени во политиката да се богатат, а не да ја оправаат државата. Ова што се случи еве и со последното пукање на градоначалникот на Арачиново, тоа се рецидиви во системот. Тоа се рецидиви кои што влечат корени од минатото. Оливер Спасовски е носител на ИЕ2, човек кој што дозволи експлозија на криминал, експлозија на корупцијата и сега од друга страна кажува дека ќе се борел против истата корупција и криминал. А, гледаме дека тој е тој што не ги спречел овие работи туку напротив дури и ги стимулирал“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ3.
Ковачки додаде дека Оливер Спасовски како министер бил должен да ги спречува сите нелегални активности на криминалните банди и групи. Но, Спасовски ништо не преземал за подобрување на безбедноста на државата.
„Ќе потсетам имавме и случаи со упад директно во М-НАВ, каде што имавме упад на една криминална банда која што го загрози воздушниот сообраќај над Република Северна Македонија. Меѓународни летови беа загрозени, вклучително и летовите на Алијансата на НАТО“, укажа Ковачки.
Тој посочи дека криминалните структури мора да си заминат на обвинителни клупи и да си понесат одговорност. Само така може да се воспостави систем и ќе се сопре иселувањето на граѓаните од Република Северна Македонија.
„Секој што грешел ќе си одговара, тука да нема дилема ниту еден граѓанин и сите треба да бидат спокојни. Македонија конечно ќе ја преземат луѓе кои што и мислат добро на државата, кои што мислат добро на граѓаните. А, не како овие што размислуваат само за свои лични интереси при тоа распродавајќи се што не е нивно“, нагласи Ковачки.
Ковачки додаде дека да не се одговара за „Дурмо турс“, за тетовската болница, за сите оние пасоши кои што беа издавани на криминалци итн. тоа е доказ за заробеноста на државата.
„Тука го гледате спојот помеѓу извршната власт односно Владата, Јавното обвинителство и судството. Тоа е целосен комплот кој што е под контрола на Владата, односно на СДС и на ДУИ. Затоа ние предлагаме распуштање и на Судскиот совет и на Јавно обвинителскиот совет. Воведување на критериуми, строги критериуми кој може да биде обвинител и кој може да биде судија“, потенцираше тој.
Тој посочи дека мора да постои правда и право во државата.
Подготвено од М.Д.